Дојави за бомби во Србија – прекинат целиот меѓуградски железнички сообраќај

од Nikola Popovski
32 прегледи

Српската железничка компанија „Србијавоз“ соопшти дека денеска го прекинува железничкиот сообраќај низ Србија поради анонимна дојава за експлозивни направи поставени во меѓуградските возови.

Дојавата пристигнала во 1:39 часот утрово и поради потенцијалната опасност, „Србијавоз“ не сакала ништо да ризикува.

„Интензивно работиме со МВР на разрешување на ситуацијата. Принудени сме привремено да го прекинеме сообраќајот на сите меѓуградски возови за да ги заштитиме животите на патниците и на екипажот на возовите“, се вели во соопштението, а од патниците се бара да ги следат информациите преку официјалните канали додека сообраќајот целосно не се нормализира.

Дел од српските медиуми јавуваат дека не се знае кога ќе биде обновен железничкиот сообраќај, ниту се знае дали целата непријатна ситуација е поврзана со големиот протест што ќе се одржи утре во Белград, организиран од студентите.

Слични содржини