📹Голема група маскирани лица во црно маршираат низ Белград

од Vladimir Zorba
1,3K прегледи

Десетици непознати маскирани лица облечени во црно утрово пристигнаа во Паркот на Пионерите. На социјалните мрежи кружи видео, а се уште не се знае која била целта со доаѓањето во паркот каде со денови престојуваат „студенти кои сакаат да учат“.

Исто така, поголема група мажи во црно е снимена на Зелени Венац како се движи кон центарот на градот. „Како војска“, стои во описот на објавата на Инстаграм профилот на „Србијалајв Белград“.

Во Белград денеска се одржува голем студентски протест. „Студентите“ на Вучиќ, кои режимот сака да ги претстави на јавноста под слоганот „студенти кои само сакаат да учат“, се појавија како контрапункт на студентските протести и блокади во Србија.

Оваа група, која многумина ја сметаат за приврзаници на режимот поврзани со владејачката Српска напредна партија (СНС), го доби прекарот „чаци“, произлезено од конкретниот контекст што започна со графити, а денес овој термин стана еден од клучните симболи на протестите.

Тие пред неколку дена се собраа во паркот на Пионерите во Белград.

Слични содржини