Охридските средношколци утре на мирен марш за загинатите во несреќата во Кочани

од Milan1
43 прегледи

Учениците од четирите охридски средношколски установи утре ќе се приклучат на маршот организиран на повик на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија.

Според најавите, учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во 9:05 часот ќе се упатат кон улицата „7-ми Ноември“, од РЦСОО „Ванчо Питошески“ ќе се упатат кон Кејот „Македонија“, додека средношколците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ ќе тргнат по улицата „Димитар Влахов“, за заедно со нивните колеги од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ преку охридската чаршија да се упатат кон Градскиот плоштад каде што ќе се оддаде почит на жртвите во несреќата во Кочани.

Како што беше најавено од Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, повикот за мирен марш е да се оддаде почит на прерано згаснатите животи во несреќниот случај во Кочани.

Од ученичката заедница во Охрид во најавата за настанот се повикуваат учениците да се придржуваат кон предвидениот протокол, а маршот да не ескалира во протест.

Слични содржини