🎥Американските астронаути се вратија на Земјата по девет месеци минати во вселената

од Nikola Popovski
248 прегледи

Американските астронаути, Суни Вилијамс и Буч Вилмор успешно се вратија на Земјата откако поминаа повеќе од девет месеци на Меѓународната вселенска станица (МВС), иако првично беше планирано нивната мисија да трае само осум дена.

Оваа непланирана долга мисија е резултат на технички проблеми со вселенското летало „Боинг Старлајнер“ кое првично ги однесе во орбитата. Проблемите со системите на леталото бараа дополнителни тестирања и поправки, што го одложи нивното враќање на Земјата за повеќе од осум месеци.

И покрај продолжениот престој во вселената, астронаутите успешно се вратија со помош на капсула на „SpaceX“, во сопственост на милијардерот и член на администрацијата на Доналд Трамп, Илон Маск.

За време на нивното време во вселената, тие учествуваа во бројни научни експерименти и технички задачи, придонесувајќи за истражување што ќе помогне во идните мисии на Месечината и Марс.

Трамп неодамна на шега изјави дека астронаутите може и да се вљубат поради сето тоа.

-Тие беа оставени таму горе. Се надевам дека тоа ќе им се допадне… Можеби дури и ќе се засакаат, не знам, рече американскиот претседател.

Слични содржини