ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИНСТИТУТ: Третина од Германците поддржуваат забрана за мобилни телефони во училиштата

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Третина од германските граѓани поддржуваат целосна забрана за користење на приватни мобилни телефони во училиштата, покажа истражувањето на институтот YouGov за германската агенција dpa.

Забраната ја поддржале дури 33 отсто од испитаниците, додека, од друга страна, 44 отсто поддржуваат ограничување на користењето на паметните телефони за приватни цели на одредено време, како на пример за време на паузите за ручек.

За 23 проценти, мобилните телефони во училиштата се во ред само за одредени возрасни групи. Петтина ја поддржува употребата на одредени места, како што се просториите за одмор.

Само три проценти од испитаниците поддржуваат целосна слобода за користење мобилни телефони во училиштата.

Во истражувањето, кое беше спроведено од 19 до 21 март, учествуваа 2.049 лица постари од 18 години. Поддршката за целосна забрана значително се разликува во зависност од возрасната група.

Неодамна, иницијативите за ограничување на користењето телефон во училиштата низ Германија дојдоа од сојузните покраини Баден-Виртемберг и Хесен.

Во некои европски земји, како Франција и Австрија, такви забрани веќе постојат или се планираат.

Во Германија, образованието е одговорност на сојузните покраини, што го оневозможува едноставното донесување на униформни прописи.

Министрите за образование на германските сојузни покраини можеби ќе се договорат за заеднички препораки, но засега нема индикации дека тоа ќе се случи.

Слични содржини