Зеленски: Синоќа, на нашето небо имаше уште 117 докази кои ја одолговлекуваат оваа војна

од Milan1
28 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека 117-те беспилотни летала кои Русија синоќа ги употребила за напад врз Украина се 117 докази за нејзината долготрајната војна.

„Синоќа, на нашето небо имаше уште 117 докази кои ја одолговлекуваат оваа војна, 117 ударни беспилотни летала, од Русија од кои повеќето беа „Шахед“. Значителен дел беше соборен од нашите бранители. Днепар, Суми, Черкаси и други региони беа под руски напад. Оштетени се продавници и цивилна инфраструктура. Во Охтирка во Сумската област оштетени се куќи, продавници и основната инфраструктура. Заедниците во областите Доњецк, Харков и Запорожје исто така беа нападнати“, рече Зеленски.

Тој истакна дека се потребни силни чекори од светот и јасен притисок врз Русија, поголем притисок, повеќе санкции од САД за да се запрат руските напади.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека вооружените сили на Украина продолжуваат да ја напаѓаат енергетската инфраструктура на Руската Федерација.

Слични содржини