Додик се „закани“ поради новата потерница: Овој проблем ќе се интернационализира

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Судот на Босна и Херцеговина побара распишување меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, откако ја преминале државната граница. Додик моментално е во Израел каде присуствува на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот, од каде реагираше на ваквата одлука. Да потсетиме, по него веќе е распишана централна потерница во БиХ бидејќи се товари за нарушување на уставниот и правниот поредок.

„Ништо невообичаено, злоупотребата на судството продолжува“, рече Додик, пренесува РТРС.

Тој повторно ги обвини Бошњаците дека стојат зад сè, велејќи дека Обвинителството и Судот на БиХ „се обидуваат да го искористат тоа“.

Се закани и дека „овој проблем ќе се интернационализира“.

„Никој не треба да се грижи за таква приказна, бидејќи како претседател на РС ги почитувам, пред сè, одлуките на Народното собрание на РС, кое кажува сè, односно како треба да постапи. Се е јасно“, рече Додик.

Да потсетиме дека Националното собрание на РС ги донесе „Додиковите“ антиуставни закони, кои Уставниот суд на БиХ привремено ги забрани. Поради нив, Обвинителството на БиХ покрена истрага против Додик, Радован Вишковиќ и Ненад Стевандиќ, а откако не се јавиле на поканата за распит, по нив е распишана централна потерница.

Слични содржини