Паланечка Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид од „Тораница“

од Milan1
67 прегледи

По инцидентот што се случи на 14 март, инспектор за животна средина на рудникот „Тораница“ направил увид на денот на хаваријата и констатирал дека има само заматување, односно механичко онечистување. Но, поради бурните реакции и загриженоста на населението, од страна на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, била ангажирана приватна и независна лабораторија за земање мостри од Крива Река која констатирала излевање на опасна течност во водите на реката со алармантно присуство на тешки метали: олово, арсен, цијанид… што се директна закана по здравјето на граѓаните, долготрајни последици и штети по земјоделските поседи, земјоделски и овошни култури во општините Крива Паланка и Ранковце.

Општина Крива Паланка за утре свика вонредна прес-конференција за медиумите на која ќе признае дека истекол цијанид во Крива Река од рудникот „Тораница-булмак“. Долготрајни последици се очекува да има и по посевите на соседната општина Ранковце.

Еко-активистите подолго време вршеа притисок врз локалните власт тоа да го признаат откако на 14 март пукна цевка од флотацискиот дел на еден од најголемите рудници во земјата за олово и цинк и се излеа опасна течност. Алармот се вклучи откако реката доби заматување и сива боја.

„Ве покануваме на прес-конференција на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски по повод хаваријата т.е.инцидентот со излевање на опасна течност од рудникот “Тоарница-Булмак“ во водите на Крива Река, што се случи на 14 март и што предизвика големо заматување и загадување на водата, како и презентација на пристигнатите анализи од мострите земени од водите на Крива Река“, соопштија од таму.

Слични содржини