Зошто тарифите се помалку штетни за Маск отколку за неговите конкуренти?

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Тарифата од 25% за сите возила увезени во САД и одредени автоделови ќе ја погоди Tesla значително помалку од нејзините конкуренти. Тоа го тврдат индустриските аналитичари, иако извршниот директор и близок сојузник на Трамп, Илон Маск, инсистира дека неговата компанија сепак ќе ги почувствува последиците.

Во споредба со традиционалните производители на автомобили како Ford, General Motors, Chevrolet и Stellantis, Tesla е „во најдобра позиција“ во однос на новите трговски директиви. Тоа го напиша аналитичарот на „Дојче банк“, Едисон Ју во вчерашната белешка до клиентите.

За разлика од своите конкуренти од Мичиген, Tesla ги склопува сите свои возила во САД. Ова заштитува од најтешките последици од овие општи увозни давачки.

Малку увезени делови во моделите на Tesla

Спротивно на тоа, „најлошо поставениот“ General Motors набавува околу 40% од своите автомобили од Канада и Мексико, според аналитичарот на J.P. Morgan, Рајан Бринкман. Тој проценува дека новата тарифа ќе го чини GM дури 14 милијарди долари.

Tesla „не е неповреденa“, а „влијанието на тарифите врз Tesla е сè уште значајно“. Ова го напиша Маск на социјалната мрежа Х во средата навечер.

Сепак, според „Дојче банк“, единствените главни автоделови што Tesla ги увезува, а кои би можеле да бидат засегнати од новите тарифи се електричните инсталации од Мексико. Банката проценува дека цената на возилата на Tesla ќе треба да се зголемат за 1,8% за да ги покрие трошоците за новите тарифи. Тоа е многу помалку во споредба со зголемувањата од 5,8% и повисоки за Ford, General Motors и Stellantis.

Релативно мало влијание врз Tesla беше видливо вчера на берзата во Њујорк. Цената на акцијата на Tesla скокна за 4%. Акциите на Ford паднаа за 4%, GM за 9%, а Stellantis за 2%. Пад забележаа и европските производители на автомобили со значително присуство во САД. Така, акциите на Ferarri и Mercedes паднаа за најмалку 2%.

За сите други тоа значи помал профит

„Tesla победува, Детроит крвари“, објаснија аналитичарите на „Бернштајн“ предводени од Даниел Роск во четвртокот. „Tesla е јасен структурен победник… За сите други, ова е стискање на маржата и сериозен удар на краткорочната заработка“, додаде Роска.

Сепак, Tesla не е целосно заштитен од последиците на тарифите. Секоја трговска одмазда од странство може дополнително да го загрози и онака слабиот глобален бизнис на компанијата. Продажбата надвор од САД сочинува 51% од нејзиниот приход.

„Воведувањето тарифи… ќе влијае на нашиот бизнис и профитабилност“, рече финансискиот директор на Tesla, Вајбав Танеѓа за време на јануарскиот разговор со инвеститорите.
Негативната реакција на Волстрит на влијанието на царините, особено дополнителните царини на Трамп од 20% на кинескиот пазар, делумно придонесе акциите на Tesla да паднат за околу 30% во изминатите два месеци.

Автомобилите во САД ќе поскапат во просек за речиси 6.000 долари поради новите тарифи од 25 отсто, процени во четвртокот аналитичарот на „Морган Стенли“, Адам Џонас.

Слични содржини