📸Протекоа рендери од најтенкиот телефон на Samsung

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Најтенките телефони на Samsung – Galaxy S25 Edge – многумина со нетрпение го очекуваа откако компанијата го објави на Unpacked во јануари. Сè уште се чека неговото официјално претставување, а според гласините би требало да се случи на 16-ти април. Во меѓувреме, се појавија наводни официјални рендери кои го откриваат изгледот на уредот.

Фотографиите споделени од WinFuture, наводно, го покажуваат S25 Edge во три официјални бои – Titanium Jet Black, Titanium Icy Blue и Titanium Silver. Името на бојата сугерира дека рамката на телефонот ќе биде изработена од титаниум, исто како и S25 Ultra.

Потсетува на Galaxy S25+ Според прикажаните рендери, S25 Edge по изглед наликува на Galaxy S25+, но има само две задни камери. Според гласините, S25 Edge треба да има главна камера од 200 MP, исто како и Galaxy S25 Ultra, заедно со камера со ултра широк агол од 12 MP.

Телефонот се очекува да има 6,7-инчен Dynamic LTPO AMOLED дисплеј со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 1 до 120 Hz, пренесe GSM Arena. Се очекува Galaxy S25 Edge да биде дебел само 5,84 мм и да има тежина од 162 грама – што го прави најтенкиот и најлесниот телефон Samsung во последните неколку години.

Уредот наводно ќе има Qualcomm Snapdragon 8 Elite за Galaxy чипсет, поврзан со 12GB RAM. Се очекува батерија од 3900 mAh, што би била најмалата батерија во серијата S25 – 100 mAh помалку од Galaxy S25. Наводно, жичното полнење ќе биде ограничено на брзина од 25 W.

Слични содржини