Уапсен возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје

од Milan1
25 прегледи

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода Б.Џ. (51) од Скопје затоа што денеска околу 11.40 часот на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје со патничко возило „тојота“ со бугарски национални ознаки удрил во модифициран велосипед со три тркала управуван од Р.У. (37) од Скопје.

Р.У. е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „8 Септември“, а Б.Џ. е лишен од слобода, привремено му е одземено и возилото а против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Слични содржини