Утре е голем празник: Една работа мора да ја направите

од VIktor_P
2,8K прегледи

Архангел Михаил ги крши непријателите на Божјата вера, а Архангел Гаврил ги најавува убавите вести. Според христијанските верувања, ова е ден наменет за нови почетоци и се слави.

Православните христијани утре (08.04) го слават празникот Собор на Свети Архангел Гаврил.

Иако овој празник не е одбележан со црвени или црни букви во православниот календар, сепак станува збор за ден што се слави меѓу народот, во чест на најавувањето на христовото доаѓање од страна на Архангелот. Се верува дека светиот Архангел Гаврил бил испратен за да најави кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од пречистата Дева.

Се верува и дека Гаврил им го најавил на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија, а го поучувал и Мојсеј како да ја напише книгата Битие.

Според верувањата, Гаврил е еден од седумте серафими најблиски до Бога. Секој од архангелите има посебна служба, а сите тие се рамночесни.

Според христијанската вера, Архангел Михаил (кој се слави во ноември, па затоа е познат и како зимски Свети Арангел) е серафимот чијашто служба е да ги крши непријателите на Божјата вера, а службата на Гаврил е благовестење за човековото спасение.

За овој празник во минатото биле врзани голем број верувања. Иако празникот не е одбележан со црвени букви, жените се воздржувале од шиење и плетење, или други рачни работи, а се верувало дека ова е идеален ден за започнување нови работи и за промени.

Светите отци мислат дека Гаврил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат поблиску до Бога. Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога.

Гаврил значи „сила Божја“, поради што и неговото јавување на Благовештението има и симболично значење, укажува на силата на тој што ќе се роди од Пресвета Дева Марија, дека тој ќе биде силен, семоќен, односно дека тој ќе биде Бог Спасител.

Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога. Кога му се јавил на Захарија му рекол: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога…“ (Лука 1/19) Значи Гаврил е еден од седумте најблиски до Господа серафими чии имиња се: Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Селатил, Ехудил, Варахил. Некои кон овие го додаваат и Јеремил. Сите имаат иста чест или исто ниво на значење, но имаат различни служби.

На иконите, светиот Архангел Гаврил е претставен или со крин при Благовештението на Пресвета Богородица, или со рајска гранка при Успението на Пресвета Богородица.

На светиот Архангел Гаврил треба да му се молат жените што посакуваат потомство, затоа што се верува дека тој носи убави и светли вести.

Слични содржини