Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци и тоа би можело да го стори уште на конференцијата на Обединетите нации посветена на решавање на конфликтот меѓу Израел и Палестинците, што ќе се одржи во јуни оваа година во Њујорк, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

„Мораме да тргнеме кон признавање (на палестинската држава) и тоа ќе го направиме во наредните месеци. На конференцијата на ОН би можеле да го финализираме меѓусебното признавање (на палестинската држава) и неколку други држави. Ќе го сториме тоа“, рече Макрон во интервју за ТВ Франс 5, според дневниот весник Монд.

Франција долго време се залагаше за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт, дури и по нападот врз Израел од страна на палестинските милитанти на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Слични содржини