Затворено градилиште во скопската населба Влае, соопштија од локалната власт. Општина Карпош информира дека и покрај изречени повеќе опомени и напишани повеќе казни од општинската комунална инспекција, градежната компанија Спектар Термо која работи на изградба на објект на улицата „Драгутин Аврамовски Гуте“ бр.25 во Влае и натаму продолжува со своето несоодветно однесување, поради што градилиштето денеска го посетил градоначалникот Стевчо Јакимовски.
-На лице место беше повикана и сообраќајна полиција, а по извршениот увид, донесена е одлука да се затвори градилиштето заради попречување на сообраќајот, несоодветно однесување на градежната компанија, уништување на општински имот и загрозување на безбедноста на граѓаните, соопштија од општината.