Џон Траволта се присети на својот починат син со емотивна објава: „Многу ми недостигаш“

од Milan1
45 прегледи

Актерот Џон Траволта (71) со емотивна порака се потсети на својот покоен син Џет, кој вчера ќе го прославеше 33-от роденден.

Имено, актерот на својот Инстаграм профил сподели ретка фотографија со починатиот син со натпис: „Среќен роденден Џет. Многу ми недостигаш. Ќе те сакам засекогаш“!

Џет е најстарото дете на Траволта и неговата покојна сопруга Кели Престон, тој трагично почина во 2009 година за време на семеен одмор на Бахамите, имаше само 16 години. Боледувал од аутизам, астма и синдром Кавасаки, а според извештаите доживеал епилептичен напад и паднал и ја удрил главата во кадата.

„Тоа беше најлошото нешто што се случило во мојот живот. Искрено не знаев дали ќе преживеам. Мојот живот повеќе не беше интересен и ми требаше многу долго време повторно да најдам смисла”, се сеќава Џон во интервјуто со Бери Норман во 2014 година.

Инаку, неговата сопруга Кели Престон, која ја загуби битката со ракот на дојката во 2020 година, веруваше дека производите за домаќинството, ѓубривата и пестицидите придонесуваат за развој на здравствените проблеми на Џет, поради што таа активно се залагаше за строги прописи во означувањето на хемикалиите. Во текот на нивните 29 години брак, Џон и Кели добија уште две деца: Ела Блу (25) и Бенџамин (14).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Слични содржини