147
Министерството за внатрешни работи потврди дека во тек е акција за приведување на полициски службеници откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на „Телма“ изјави дека „во овој момент јавниот обвинител издал наредба за приведување на уште седуммина полициски службеници во рамките на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани“.
– Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава. Повеќе информации во текот на утрешниот ден, се вели во одговорот од МВР.
Претходно, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани беа приведени седум полициски службеници.
.