Легендарниот возач на „Формула 1“ Михаел Шумахер отпатува во Швајцарија за да биде сведок на пораѓањето на неговата ќерка и да ја пречека својата прва внука на светот.
Како што пренесува англиски „The Sun“, тој со хеликоптер од семејната вила во Мајорка долетал во Швајцарија кај својата 28-годишна ќерка Џина, која на 29 март ја родила ќерката Мили, првото внуче на Михаел и Корин Шумахер. Михаел не е виден во јавноста по тешката повреда здобиена на скијање на крајот на 2013 година на француските Алпи.
Џина Шумахер се омажи за Иан Бетке минатата година на Мајорка, а се шпекулираше дека на венчавката бил и таткото Михаел, но немаше доказ.
Семејството Михаел го чува во тајност сите информации околу неговото закрепнување и само блиското семејство може да го види.
Ако е вистина дека Сан пишува дека отпатувал со хеликоптер во Швајцарија за да го дочека раѓањето на својата внука, тоа секако е добра вест, пиш net,hr.