Захарова: Eвронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

од Milan1
70 прегледи

Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

Захарова реагираше на медиумските наводи дека Брисел и се заканува на Србија дека би можело да ѝ биде одбиено евентуалното членство во Европската унија доколку претседателот Александар Вучиќ отпатува во Москва за да го одбележи Денот на победата на 9 мај.

Ако ова е вистина, рече Захарова, тогаш „евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи“.

„Вака пред 80 години фашистите ги принудуваа луѓето да се откажат од својата татковина, етничка припадност и религија, од сите оние што ги сметаа за „луѓе од втор ред“. Таквата политика е неприфатлива и претставува опасен преседан во односите на Европа со суверените држави“, посочи Марија Захарова.

Слични содржини