(ФОТО) Уапсен жител на Танушевци, превезувал 192 пакети со стока за кои не поседувал никаква документација

од Milan1
38 прегледи

На 19.04.2025 околу 19.20 часот во с.Побожје, општина Чучер Сандево, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци при СВР Скопје запреле товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(48) од с.Танушевци, скопско.

-При преглед и контрола во возилото биле 192 пакети со стока за кои лицето не поседувало никаква документација. Поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, Е.А. бил лишен од слобода и заедно со возилото бил спроведен во полициска станица, информира МВР.

По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини