Министерот за внатрешни работи во Приштина, Ѓељај Свечља соопшти дека денеска во Приштина Липљан се уапсени три лица од српска националност осомничени за наводни воени злосторства врз цивилното население за време на конфликтот во Косово во периодот од 1998 до 1999 година, во Приштина и Липљан.
Како што соопшти косовската полиција, на две локации во Липљан се уапсени маж по име Б.Т., како и жена со иницијали Н.Ч., а третоосомничениот М.И. е уапсен во Приштина.
„Тие се осомничени дека наводно учествувале, во својство на чувари во затворите во Приштина и Липљан, во малтретирање, тепање и физичко и психичко измачување на затвореници Албанци“, се вели во соопштението на косовската полиција.
Уапсените се однесени во просториите на Управата за истраги за воени злосторства и со нив се разговара, пренесува „Танјуг“.