ЕУ потрошила повеќе за купување на руска нафта, отколку на помошта за Украина

од Milan1
31 прегледи

Европа купила фосилни горива во вредност од 22 милијарди евра од Русија во 2024 година, а дала 19 милијарди евра за поддршка на Киев

И покрај напорите да се намали зависноста од руската енергија, која, според Гардијан, ја финансира воената машина на Владимир Путин, Европската унија купила руска нафта и гас во вредност од 21,9 милијарди евра во 2024 година, според проценките на Центарот за истражување на енергија и чист воздух.

Износот што им е исплатен на Русите е поголем од помошта што ЕУ и ја додели на Украина, која во 2024 година изнесуваше 18,7 милијарди евра.

„Купувањето руски фосилни горива, сосема јасно, е слично на испраќање финансиска помош до Кремљ, што овозможува инвазијата да продолжи. Оваа практика мора веднаш да престане за да се обезбеди не само иднината на Украина, туку и енергетската безбедност на Европа“, рече Ваибав Рагунандан, аналитичар во институтот и коавтор на извештајот.