Мик Шумахер, синот на легендарниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, раскина со преубавата манекенка Лаила Хасановиќ.
По 18 месеци, младиот возач стави крај на врската со шармантната русокоса од Сребреница.
Мик ги избриша сите фотографии заедно со Лаила од својот Инстаграм профил и отвори профил на апликацијата за запознавање. Тој практично потврди дека нивната љубовна приказна е завршена.
Двојката ја започна својата романса во август 2023 година. Лила брзо се зближи со членовите на семејството Шумахер, а особено беше блиска со мајката на Мик, Корин. Таа беше една од ретките луѓе на кои им беше дозволено да го посетат легендарниот Михаел Шумахер.
View this post on Instagram
На крајот на 2024 година, се појавија гласини дека двојката се свршила, бидејќи Лаила објави фотографија од прстенот на социјалните мрежи. Сепак, таа подоцна негираше дека станува збор за веренички прстен.
Во март, таа беше со Мик во Катар и немаше ништо што би укажувало дека нивната врска е во сериозна криза.
Лаила е родена во Данска, а нејзиното потекло е од Босна и Херцеговина. Нејзините родители се од Сребреница. Тие се преселиле во Данска пред многу време, каде што е родена Лаила. Таму ја започна својата успешна кариера како модел, а пред шест години беше во финалето на изборот за Мис на светот во Данска. Таа е исклучително популарна на социјалните мрежи, има повеќе од 340 илјади следбеници на Инстаграм и често објавувала фотографии со своето познато момче.
View this post on Instagram