Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи по средбата со неговиот американски колега Доналд Трамп.
– Добар состанок. Разговаравме многу еден на еден. Се надеваме на резултати во сè што опфативме. Заштита на животите на нашите луѓе. Целосен и безусловно прекин на огнот. Сигурен и траен мир што ќе спречи избувнување на нова војна. Многу симболична средба која има потенцијал да стане историска, доколку постигнеме заеднички резултати. Благодарение на претседателот Трамп, напиша Зеленски на мрежата „X“.