🎥 Апокалиптични сцени во Шпанија и Португалија: Луѓето панично купуваат вода и храна по снемувањето на струја

од Љубиша Владимиров
1,2K прегледи

Големи делови од Шпанија и Португалија, вклучувајќи ги Мадрид и Лисабон, беа погодени од прекини во електричната енергија, а проблеми се појавија и во Андора и Белгија. Поради бројните извештаи дека многу граѓани во Шпанија и Португалија останале без вода за пиење, луѓето во паника купуваат залихи.

Сцените од супермаркетите, како што ги видовме за време на пандемијата на коронавирус, се повторуваат. Полиците се празни, а тешко е да се најде пакетче вода и други неопходни производи во супермаркетите.

Кеј Кларк, која живее во Форос де Амора, јужно од Лисабон, за „Скај њуз“ изјави дека луѓето првично се насочувале кон евтина негазирана вода, но бидејќи залихите брзо снемале, сега купуваат и газирана и поскапа вода.

„Имаме новороденче, немаме струја ниту вода. Надворешниот свет е во хаос. Се случуваат сообраќајни несреќи затоа што нема семафори, а луѓето се заглавени во лифтови во станбените згради“, изјави Џорџ Аткинс.

Слични содржини