Руските сили го зголемија интензитетот на нападите врз Покровск, и покрај изјавите за можно прекин на огнот за време на мајските празници, изјави Врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Олександр Сирски.
Тој на социјалните мрежи изјави дека руските сили продолжуваат со нападите, насочувајќи ги своите главни напори кон оваа стратешка насока, и покрај недостатокот на оперативни и тактички перспективи, објави Укринформ.
Според него, Русија секојдневно испраќа нови единици на фронтот, што доведува до големи загуби меѓу руските војници, додека тие пријавуваат „илузорни успеси“.
Генералот изјави дека во последните денови бил во бригадите што го бранат Покровск за да ги реши проблематичните прашања и да им помогне на командантите во организирањето на битките.
Сирски нагласи дека посебно внимание се посветува на обезбедување муниција, беспилотни системи, опрема за електронско војување и резерви, со дополнителен фокус на дронови за напад.
Тој истакна дека украинските сили продолжуваат успешно да ги напаѓаат непријателските формации, уништувајќи ги по целиот фронт.
Иако рускиот претседател Владимир Путин прогласи „примирје“ од 8 до 10 мај на 28 април, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нема потреба да се чека тој датум, туку дека прекинот на огнот може да се спроведе веднаш, пренесува Танјуг.