Гостивар без вода поради дефект на главна водоводна цевка

од Марта Пешевска
37 прегледи

Гостивар е без водоснабдување од утринските часови поради дефект на главната водоводна цевка. Веста за прекинот на водоснабдувањето брзо се прошири преку социјалните мрежи, а ЈКП Комуналец – Гостивар веднаш ги информираше граѓаните дека дефектот настанал вчера и дека екипите се на терен и активно работат на негово отклонување.

Како што информираат од ЈКП Комуналец, водоснабдувањето во Гостивар ќе биде прекинато до целосното отклонување на дефектот, а граѓаните ќе бидат известени кога ќе се нормализира ситуацијата. Екипите се максимално ангажирани на решавањето на проблемот и во што пократок рок се очекува водоснабдувањето да се врати.

Слични содржини