Затворениците ќе мора да ги платат трошоците за престој во затвор

од Milan1
68 прегледи

Францускиот министер за правда, Жералд Дарманин, објави дека „трошоците за затвор ќе бидат повторно воведени“ и дека затворениците ќе мора да ги плаќаат, со цел да се обезбедат средства за финансирање инвестиции како што се „побрза изградба на затвори“ и „опремување на затворски службеници“.

Дарманин за телевизијата ТФ1 изјави дека затворениците „мора да придонесат“ и да платат дел од „затворските трошоци“, објави „Ле Фигаро“.

Тој рече дека оваа промена ќе бара и промена на законот.

Според францускиот министер за правда, работењето на затворите во таа земја „чини десет милиони евра дневно, речиси четири милијарди евра годишно“.

Дарманен истакна дека од затворениците нема да се бара да го платат целиот износ на годишните трошоци, туку дека „ќе учествуваат во трошоците“.

„Ќе работиме заедно за да се осигураме дека износот е симболичен, но значаен“, рече тој.

Слични содржини