47
Русија продолжува со својата офанзива во источна Украина со висок интензитет, објави Генералштабот на Украина на својот Фејсбук профил, известувајќи за над 200 судири во еден ден.
Како што пренесе ДПА, борбите се интензивирале особено околу стратешкиот град Покровск во регионот Доњецк, каде што украинските сили соопштија дека вчера одбиле 70 напади, а во текот на ноќта уште 12. Градот е клучен транспортен центар, а руските сили наводно се приближуваат од исток, југ и југозапад.
Информацијата не може независно да се потврди.
Украина досега ги одбива обидите на Русија да пробие на запад кон соседната индустриска област Дњепропетровск.