Американската кантавторка Џил Собјул, позната по хитот „I Kissed a Girl“ и музиката од филмот Crazy Blonde, трагично го загуби животот во пожар што избувна во нејзиниот дом во Минесота. Според локалните медиуми, пожарот започнал во раните утрински часови во четврток. Повикот до противпожарната служба бил примeн во 5:30 часот наутро, а кога екипите пристигнале на теренот, куќата веќе била зафатена од пламен. Нејзината смрт подоцна ја потврди и нејзиниот публицист, Дејвид Елкин. Џил Собјул е родена во Денвер во 1959 година и беше добро позната како голем навивач на НБА тимот Денвер Нагетс и српската ѕвезда Никола Јокиќ.
Особено внимание привлече нејзиниот фустан украсен со ликот на Јокиќ, кој беше тема на бројни медиуми ширум светот. „Имам фустан со Јокиќ и не се срамам,“ напиша таа на социјалните мрежи. Последен пат беше активна во спортското новинарство за време на драматичната серија меѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Клиперс, која заврши по седум натпревари со победа на Нагетс и нивен пласман во полуфиналето на Западната конференција. Собјул зад себе остави богата музичка кариера, автентичен уметнички израз и искрена љубов кон спортот и културата.