Некои католички кардинали ги побарале насоките од филмот „Конклава“ на Ралф Фајнс за да ги разјаснат процедуралните аспекти на изборот на нов папа, јави порталот „Политико“. Филмот, кој го режираше Едвард Бергер, се смета за изненадувачки точен во однос на политиката и протоколот на Ватикан, дури и од самите кардинали. Ова го прави корисна алатка за истражување, посебно во време кога многу од учесниците на конклавата имаат мало искуство со внатрешните процеси на изборот на нов поглавар на Римокатоличката црква.
Cardinals are watching “Conclave” the movie for guidance on the conclave IRL.https://t.co/bwUGgLbNRh
— POLITICOEurope (@POLITICOEurope) May 6, 2025
„Некои кардинали го гледаа филмот во кино“, изјави висок свештеник, кој ја истакна точноста на филмот. Голем број од кардиналите кои се најдоа во Рим по смртта на папата Франциск биле назначени од него и никогаш не биле дел од конклавата.
Филмот беше објавен во април, само неколку месеци пред смртта на папата Франциск, која се случи на 21 април. Конклавата за избор на 267-миот папа на Римокатоличката црква ќе започне утре, а 133 кардинални електори веќе пристигнале во Ватикан и се сместиле во резиденцијата Санта Марта. Папата Франциск беше избран на конклавата во 2013 година и почина на 89-годишна возраст. Тој беше погребан во римската базилика Санта Марија Маџоре.