Рускиот претседател Владимир Путин за време на својот говор на Парадата на победата во Москва изјави дека Русија освоила слобода и мир за целото човештво.
Тој исто така рече дека Русија секогаш ќе биде непремостлива пречка за нацизмот и антисемитизмот, како и дека големиот подвиг на разни народи и националности во Втората светска војна ќе биде запаметен во светската историја, пренесува РТС.
„Русија секогаш ќе биде непремостлива пречка за нацизмот и антисемитизмот“, рече Путин.
Повеќе од 20 светски лидери присуствуваат на парадата на победата на Црвениот плоштад оваа година, вклучувајќи ги претседателите на Кина, Си Џинпинг, на Венецуела, Николас Мадуро, на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва и словачкиот премиер Роберт Фицо.
Меѓу нив е и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а на парадата присуствува и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Пред почетокот на парадата, шефовите на државите пристигнаа во Кремљ, каде што ги пречека рускиот претседател Владимир Путин, од каде што се упатија кон Црвениот плоштад и седнаа на трибините.