Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес ги отфрли обвинувањата на Украинската служба за безбедност (SBU) за откривањето на шпионската мрежа на унгарската воена разузнавачка служба во украинската Закарпатска област.
„Би ги замолил сите да бидат внимателни во врска со какви било вакви извештаи што се појавуваат во украинската пропаганда. Доколку добиеме какви било детали или официјални информации, тогаш ќе разговараме за тоа. Дотогаш, морам да го класифицирам ова како пропаганда што мора да се третира со претпазливост“, рече Сијарото, пренесува „Ројтерс“.
Според информациите за истрагата објавени од СБУ, задачата на унгарската шпионска мрежа била да собира податоци за воената безбедност на регионот, истражувајќи ги ранливостите во копнената и воздушната одбрана, како и социо-политичките ставови на локалното население.