Државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, денес изјави дека новиот папа Лав XIV е „многу свесен за проблемите на денешниот свет“, што го покажа во својот прв говор по изборот, во кој повика на мир.
Паролин, во писмо до весникот „Џорнале ди Виченца“, изјавил дека му е благодарен на Лав XIV што прифатил да биде поглавар на Римокатоличката црква, истакнувајќи дека бил „импресиониран“ од спокојството што го видел на неговото лице додека ја прифаќал позицијата.
„Она што најмногу ме импресионираше кај него беше спокојството што блескаше на неговото лице во толку интензивни и, во извесна смисла, „драматични“ моменти, бидејќи тие целосно го менуваат животот на човекот. Никогаш не ја изгуби својата нежна насмевка, иако, претпоставувам, беше многу свесен за многуте и воопшто не едноставни проблеми со кои се соочува Црквата денес“, рече кардиналот Паролин.