🎥 Пред 44 години се обиде да го убие папата Јован Павле II, а потоа му положи цвеќе на гробот и ја промени религијата

од Љубиша Владимиров
195 прегледи

На денешен ден, 13 мај, пред 44 години, во 1981 година, тогашниот папа Јован Павле Втори беше ранет во обид за атентат на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан. Напаѓачот беше Мехмет Али Агџа, турски осуденик, кој го застрела папата пред голем број на сведоци. Папата беше веднаш пренесен во болница во Рим и успешно опериран. Агџа, кој подоцна беше осуден на доживотен затвор, отслужи 19 години од својата казна, пред да биде помилуван од папата Јован Павле II. Во 2000 година, папата интервенирaл кај италијанските власти за Агџа да биде ослободен и депортиран во Турција, што предизвикало контроверзи и големи дискусии.

По ослободувањето, Агџа се покајал за своето дело и се преобратил од ислам во христијанство. Сепак, тој подоцна беше осуден и во Турција за неповрзано кривично дело, но денес е слободен човек.

Причини за атентатот

Во 1979 година, весникот „Њујорк тајмс“ објави дека Агџа го нарекол папата „маскиран крстоносен водач“ и се заканил дека ќе го убие ако не ја откаже својата планирана посета на Турција. Атентатот, според него, бил одмазда за нападот врз Големата џамија во Мека, кој се случил истиот месец. Агџа тврдеше дека за нападот биле виновни САД или Израел.

Посета на гробот на папата

Во 2014 година, Агџа направи неочекувана посета на Ватикан и положи цвеќе на гробот на папата Јован Павле II. Според информации од Ватикан, неговата посета траела само неколку минути, а Агџа бил видно емотивен. Агџа во тоа време повтори дека атентатот бил нарачан од иранскиот верски лидер, ајатолахот Рухолах Хомеини, нешто што го негираше иранската амбасада. Со време, Агџа ги менувал своето ставови, и тоа потврдува дека овој инцидент, кој предизвика големи реакции во светот, сè уште носи многу прашања и контроверзии.

Слични содржини