Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека нема да има напредок во мировните преговори за Украина сè додека лично не се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. „Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ кратко пред слетувањето во Дубаи, третата станица од неговата турнеја на Блискиот Исток, објави Ројтерс.
Според изјавата на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, руската и американската делегација пристигнале во Истанбул, додека украинската делегација сè уште не, објавија турските медиуми. На преговорите во Истанбул, руската делегација ја предводи помошникот на Путин, Владимир Медински. Наведувајќи дека Турција придонела во мировниот процес од самиот почеток и дека оваа поддршка ќе продолжи, Фидан го привлече вниманието на важноста на медијациските активности и дека меѓународните актери треба да бидат вклучени во процесот, пренесува Танјуг.
Изразувајќи ја својата оценка за војната меѓу Русија и Украина, Фидан изрази надеж за траен мир. Наведувајќи дека американската делегација е исто така во Истанбул, Фидан изрази став дека двете страни, Русија и Украина, треба да направат одредени отстапки во процесот на прекин на огнот.