Да беше Босна и Херцеговина нормална земја, данскиот амбасадор вечерва ќе беше прогласен за персона нон грата поради неговото скандалозно и навредливо однесување, изјави синоќа претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Додик истакна дека данскиот амбасадор се мешал во внатрешните работи на најгруб начин, упатувајќи навреди.
„Спротивно на сите правила на дипломатско однесување, тој се мешаше во внатрешните работи на најгруб начин, ширејќи невистини и навреди на сметка на Република Српска. Ваквите амбасадори можеби се омилени на Бошњаците, но не се добредојдени во Република Српска. Со ентузијазам ќе го чекам денот кога Гренланд ќе им припадне на САД. Лошото управување во Данска придонесува за оправдани барања Гренланд да ѝ припадне на Америка“, навел Додик во објава на социјалните мрежи.
Како што објавуваат тамошните медиуми, нордиските земји организирале прием во Сараево во вторник вечерта по повод нивните национални празници, но данскиот амбасадор во Босна и Херцеговина ја искористи можноста да одржи несоодветен говор и неосновано да ја критикува Република Српска, пренесува РТРС.
Наместо да зборува за националниот празник на Данска и да испраќа пораки за мир, соживот и дијалог, од РС велат дека тој крајно несоодветно ја злоупотреби можноста да зборува за наводната сецесионистичка политика на Република Српска и нејзиното раководство, се додава во текстот.