Неколку лица се повредени во масовен напад со нож во Холандија

од Milan1
16 прегледи

Неколку лица се повредени во масовен напад со нож во Холандија. Меѓу жртвите е и еден полицаец, а најмалку едно лице наводно е сè уште во многу сериозна состојба, пишува „Дејли Меил“.

Итните служби беа повикани на местото на настанот во Хофдорп, главниот град на Харлемермер, во северна Холандија, рано утрово. Полицијата добила пријава за напад со нож околу 6 часот наутро по локално време пред домот за лица со лесни или умерени интелектуални попречености „Фани Бланкерс-Кенлан“.

„Има повеќе жртви, меѓу нив и колеги. Неколку амбулантни возила и MMT се на местото на настанот“, се вели во соопштението на Полити Енхајд Норд-Холанд.

Локалните медиуми објавија дека повредениот полицаец е однесен во болница, а едно полициско возило е „извалкано со крв“.

Снимките од местото на настанот покажуваат полициски кордон како го означува подрачјето на улица во градот. Амбулантни возила беа паркирани од двете страни на патот, а полицајци можеа да се видат како стојат до она што изгледаше како носилки. Полицијата не ги откри идентитетите на повредените, ниту природата на раните, освен дека едно лице е тешко повредено.

Не е јасно кој го предизвикал инцидентот ниту дали имало апсења.

Слични содржини