Жена нападна со нож неколку лица на главната железничка станица во Хамбург, при што неколкумина се повредени, потврди германската полиција. Инцидентот се случил во текот на денот, а полицијата веднаш интервенирала и ја уапсила осомничената. Хамбуршката полиција преку својот профил на социјалната мрежа X информира дека нападот претставува „сериозен безбедносен инцидент“ и дека во моментов се спроведува голема операција за обезбедување на безбедноста.
Локалниот весник „Хамбургер Моргенпост“ јави дека четири лица се тешко повредени, додека други извори наведуваат дека бројот на повредени не е прецизиран. Железничката станица е под засилен надзор, а делови од неа се затворени додека трае истрагата и проценката на безбедноста. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.