567
Малолетник без возачка дозвола со мотоцикл удрил во пешак во близина на Клиниката за лечење на зависности во Кисела Вода, пренесе Инфомакс.
– Денеска околу 19.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици удрил во пешак. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во КЦ-„М.Тереза“, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки од полициски службеници, пронајден е мотоциклистот и утврдено е дека е малолетник и го управувал мотоциклот без возачка дозвола. Се работи на расчистување на случајот. – стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.