11
Руските системи за воздушна одбрана соборија најмалку 99 украински дронови во седум региони на Русија, соопшти денес руското Министерство за одбрана.
„Во периодот од 20 часот на 26 мај до 7 часот наутро на 27 мај, дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 99 украински беспилотни летала од типот авиони“, се наведува во извештајот на министерството, пренесува Танјуг.
Додадено е дека најмногу дронови биле соборени во Воронежската област, каде што системите за воздушна одбрана собориле 23 украински дронови, пренесува РИА Новости.