Ким бесeн поради планот на Трамп за „Златната купола“: Mногу опасна закана

од Milan1
22 прегледи

Северна Кореја ги критикуваше плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за противракетниот систем „Златна купола“, со проценка дека системот би претставувал „многу опасна“ закана што би можела да предизвика „нуклеарна војна“ во вселената, објавија денес севернокорејските медиуми.

Министерството за надворешни работи на земјата, предводена од севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун, издаде меморандум „за да ја информира меѓународната заедница дека воспоставувањето нов систем за ракетна одбрана од страна на Соединетите Американски Држави (САД) е многу опасен „заканувачки потег“ насочен кон закана по стратешката безбедност на државите со нуклеарно оружје“, соопшти официјалната новинска агенција KCNA.

Во меморандумот се наведува дека САД се „решени да ја милитаризираат вселената“ и сакаат да ја трансформираат „во потенцијална нуклеарна воена зона“.

Тој рече за системот „Златна купола“ дека е многу важен за успехот и опстанокот на САД.

Слични содржини