Меланија Трамп ги негираше тврдењата дека Трамп му се одмаздува на Харвард поради Барон

од Milan1
34 прегледи

Првата дама на САД Меланија Трамп јавно ги отфрли гласините што ги преплавија социјалните мрежи во последните денови, според кои нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Доналд Трамп, започнал напад врз престижниот универзитет Харвард затоа што нивниот син Барон наводно бил одбиен да биде примен на колеџот.

Во официјална изјава пренесена од нејзиниот директор за комуникации Николас Клеменс, Меланија Трамп рече: „Барон не аплицирал на Харвард и секое тврдење дека тој или некој во негово име го направил тоа е целосно лажно.“

Нејзината реакција всушност дојде по деновите непрекинато пишување за одлуката на Доналд Трамп, кој јавно го обвини Харвард за дискриминација, го откажа нивното федерално финансирање, се обиде да го забрани уписот на странски студенти и објави откажување на договор вреден 100 милиони долари. Тој, исто така, побара укинување на програмата за разновидност, еднаквост и инклузија, што Харвард одби да го стори. Универзитетот одговори на овие потези со низа тужби во федералниот суд.

Гласините за наводното одбивање на Барон Трамп на Харвард беа дополнително разгорени откако сенаторот Шелдон Вајтхаус напиша на социјалната мрежа X: „Не можам а да не се запрашам колку Трампови се одбиени на Харвард“.

И покрај шпекулациите, потврдено е дека Барон Трамп се запишал на бизнис школата Стерн на Универзитетот во Њујорк (NYU), каде што ја завршил својата прва година од студиите. Одлуката да се запише на NYU изненади многумина, бидејќи другите членови на семејството Трамп студирале на Универзитетот во Пенсилванија или на Универзитетот Џорџтаун.

Слични содржини