Најмалку 14 Палестинци беа убиени, а неколку други беа ранети во израелските напади врз Појасот Газа денеска, соопшти Министерството за здравство на енклавата. Службеници во болницата Ал-Шифа во северна Газа изјавија дека телата на 12 лица, меѓу кои и три жени, биле донесени од блискиот бегалски камп Џабалија.
Палестинското друштво Црвена полумесечина соопшти дека телата на две лица и девет други ранети биле префрлени во болницата Ал-Кудс во градот Газа, од кои едното било лекар во болницата, објави АП.
Од почетокот на израелската војна во Појасот Газа во октомври 2023 година, околу 54.000 луѓе, претежно жени и деца, се убиени, според Министерството за здравство на Газа, објави Танјуг.