За жал болеста го совлада – ПОЗНАТИОТ АКТЕР ПОЧИНА НА 41-ГОДИШНА ВОЗРАСТ

од VIktor_P
4,6K прегледи

Актерот Девин Харјес почина во болница во Њујорк по битка со тешка болест.

Актерот ја загубил животната битка со ракот, оставајќи зад себе богата кариера, пишува Hollywood Reporter.

Харјес е роден во Тексас, а почнал да глуми многу рано, а подоцна се преселил во Њујорк, каде што постигнал забележителни телевизиски улоги.

Тој ја освои најшироката публика со улогата на боксерот Џек Демпси во познатата серија на HBO Boardwalk Empire. Го видовме и во популарните серии како Gotham, Orange is the New Black, Daredevil, Elementary, Blue Bloods, FBI и Manifest, каде секогаш носеше силни и автентични интерпретации.

По тажната вест која го обиколи светот и ги растажи неговите обожаватели, неговото семејство објави дека Девин беше посветен на боречките вештини и здравиот начин на живот и дека многу време поминувал во теретана, која, како што велат, го обликувала и како личност и како уметник. Зад себе ги остави родителите, сестрата, поранешната сопруга и бројни роднини.

Девин Харјес ќе остане запаметен како актер посветен на својот занает и човек кој живеел страсно како што и бил посветен на уметноста.

Слични содржини