Американската компанија „Волт Дизни“ потврди дека ќе отпушти уште неколку стотици вработени низ целиот свет и покрај фактот дека неодамна објавените резултати за првиот квартал од 2025 година укажуваат на солиден раст на приходите.
Во соопштение за медиумите, компанијата соопшти дека индустријата „брзо се трансформира“ и дека Дизни мора „ефикасно да управува со бизнисот за да го одржи нивото на иновации што публиката го очекува“, објави Би-Би-Си.
Вработените во филмскиот, телевизискиот и финансискиот сектор ќе бидат отпуштени. Новата рунда намалувања на трошоците ќе влијае на неколку тимови, вклучувајќи ги маркетинг единиците на филмските и телевизиските студија, како и секторите за кастинг, развој на содржини и корпоративни финансии. Компанијата нагласува дека ниту еден тим нема да биде целосно затворен.