14
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес ја повтори поддршката на Европа за Меѓународниот кривичен суд (МКС) откако САД воведоа санкции врз четворица нејзини судии, обвинувајќи ги за „нелегитимни и неосновани дејствија“ против Вашингтон и неговите сојузници, вклучувајќи го и Израел.
„Комисијата целосно ги поддржува своите службеници. МКС ги смета сторителите на најтешките злосторства во светот за одговорни и им дава глас на жртвите“, изјави шефицата на Европската комисија на платформата X.
Таа рече дека МКС „мора да биде слободен да дејствува без притисок“.