Австрија понуди да биде домаќин на конференција за обнова на Украина

од Milan1
18 прегледи

Aвстрискиот канцелар Кристијан Штокер денеска објави дека Австрија понудила да биде домаќин на конференција за обнова на Украина.

„Како еден од најголемите странски инвеститори во Украина, Австрија и нејзините компании можат да дадат значаен придонес во обновата на земјата. Затоа понудивме да бидеме организатор на претстојната конференција за обнова“, рече Стокер на Фејсбук по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Виена.

Тој нагласи дека Австрија го поддржува украинскиот народ од првиот ден на конфликтот и се обидува да промовира воспоставување праведен мир.

„Од првиот ден на рускиот напад, Австрија застана рамо до рамо со Украина и нејзиниот народ. Сите сакаме крај на оваа војна. Народот на Украина најмногу го сака и го заслужува тоа. Ги поддржуваме сите иницијативи кои водат кон прекин на огнот и одржлив, долгорочен и праведен мир“, рече австрисккиот канцелар, пренесе Укринформ.

Зеленски денеска беше во официјална посета на Австрија каде разговараше со претседателот на државата Александар ван дер Белен и канцеларот Кристијан Штокер.

Слични содржини