31
Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува опцијата САД да му се придружат на Израел во нападот врз нуклеарните објекти на Иран, вклучувајќи го и оној во Фордоу, објави Си-Би-Ес, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Според тие извори, таа опција требало да биде разгледана на денешниот состанок во таканаречената Соба за ситуации, просторот на Белата куќа наменет за спроведување кризни операции. Сепак, сè уште нема целосен консензус меѓу најблиските советници на Трамп за таа идеја.