Преговорите меѓу ЕУ и Иран завршија, британски министер: Иран не смее да има нуклеарно оружје

од Milan1
24 прегледи

Преговорите меѓу европските министри за надворешни работи и иранската делегација во Женева, одржани со цел смирување на ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел, завршија. Средбата траеше цел ден, а по нејзиното завршување, учесниците дадоа кратки изјави за медиумите.

Потпретседателката на Европската комисија и естонски премиер Каја Калас истакна дека регионалната ескалација „не му користи на никого“ и затоа „мора да ги држиме каналите отворени за дискусија“. Таа додаде дека двете страни се согласиле да продолжат со разговорите за нуклеарните прашања, но и за пошироките прашања.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами беше директен: „Јасно ставивме до знаење: Иран не смее да има нуклеарно оружје“.

Тој додаде дека тој и неговите европски колеги се „решени да продолжат со преговорите со Иран“ и ја нагласи важноста од продолжување на разговорите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави.

„Ова е опасен момент и е исклучително важно да нема регионална ескалација“, предупреди Лами.

Слични содржини