20
„Министерството за финансии цел месец не дава согласност за вработување на 26 негувателки за градинката во Кочани, а дало согласност во Македонска навигација (М-НАВ) да се вработат советници на директорите и мајстори за одржување на клима-уреди, затоа што проценило дека таа одлука е во најдобар интерес на граѓаните“, напиша на својот фејсбук профил пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.